Животот со Majorel Северна Македонија

Во Majorel веруваме дека е важно да му се дозволи на човекот да расте и да се развива како индивидуалец. Ја наградуваме оригиналноста, поттикнуваме креативно самоизразување, и им ја даваме на вработените слободата да си бидат свои. Овој пристап е отелотворен во нашите заеднички вредности: креативност, извонредност, и почит. Мотивирани сме од нашите луѓе!

Што можеме да ти понудиме?

Во Majorel веруваме дека е важно да му се дозволи на човекот да расте и да се развива како индивидуалец. Ја наградуваме оригиналноста, поттикнуваме креативно самоизразување, и им ја даваме на вработените слободата да си бидат свои. Во исто време, во Majorel ќе ја имаш шансата да работиш во мултинационална околина за некои од најпознатите брендови во светот.

 

Feel Good во Majorel

Нашата Feel Good програма е специјално дизајнирана да ја пружи поддршката која им е потребна на вработените, а во исто време да промовира работна средина која е предводена од нашите вредности: креативност, извонредност и почит. Сакаме да бидеш гласот на нашата глобална заедница и те поттикнуваме активно да нè правиш подобри – најдобри што можеме да бидеме!

Feel Good поддршка

Интеграција, воведување
или поддршка за отселување, како и здравствена грижа, се само дел од работите кои им ги нудиме на нашите колеги за да им помогнеме да бидат успешни!
Feel Good поддршка

Feel Good тело

Кога нашите тела се здрави, имаме повеќе енергија, се чувствуваме посреќно, и испорачуваме подобри резултати. Во здраво тело – здрав дух! Спортот, исхраната, и благосостојбата се дел од иницијативите и активностите дизајнирани да им дадат на нашите тела #FeelGood чувство
Feel Good тело

Feel Good ум

Една од карактеристиките кои нè дефинираат како луѓе е љубопитноста. Посветено им овозможуваме на нашите луѓе средина која им помага да учат, да се подобрат, и да се развијат – и лично и професионално
Feel Good ум

Feel Good дух

Од огромна важност ни е да ти помогнеме да развиеш значајна и долгорочна цел – и социјална и професионална. Ги поттикнуваме и поддржуваме продуктивните активности предводени од твојот ентузијазам, а во исто време активно придонесуваме кон локалните заедници во кои работиме
Feel Good дух

Feel Good заедница

Можеш да станеш дел од нашата Feel Good програма така што ќе се пријавиш да бидеш дел од заедницата и активно да го обликуваш твоето работно место. Врз база на фидбекот кој заедницата го добива од нејзините тимови, ќе се создадат настани, активности, и други креативни иницијативи со фокус на три главни постулати: Тело, Ум, и Дух.
Feel Good заедница

Нашите вредности

креативността, извонредността, и почитта се наши темели. Тие се основата на што и да правиме, и гаранција дека нашите партнери ќе бидат успешни, а ние ќе напредуваме заеднички како тим.

Креативност

Замисли си работна средина во која луѓето навистина придонесуваат кон промени преку нивната снаодливост и агилност, поттикнати да создадат иновативни решенија, да развијат нови идеи, и да соработуваат со нивните партнери ширум светот
Креативност

Извонредност

Осмели се да истражиш работна околина која константно се стреми кон најдоброто. Потребна е целосна посветеност за да се направи тој дополнителен чекор, а за нас, тоа значи страст за најдобрите услуги, и жед за знаење и подобрување. Секогаш постои начин!

Извонредност

Почит

Приклучи се на кариерно патешествие во кое секојдневно се негува позитивна работна атмосфера; каде што соработка, диверзитет, работење како дел од Еден Тим, искреност и интегритет се културолошки норми. Мудроста да препознаеме дека честопати сме во право, но понекогаш грешиме, ни дава сила и храброст да ја донесеме правилната одлука. Без исклучок.

Почит